Проект: Училишно ЕКО кино (ООУ „Св. Климент Охридски“ с. Драчево, Скопје, Македонија)

 

I. ПРОЕКТЕН ПЛАН

1. Резиме на проектот

Што? - Да направиме Училишно ЕКО кино при што кинетичка енергија создадена преку возење со велосипед ќе ја претвориме во електрична.

Кој? - Тим – Еко кино: кој го сочинуваат Билјана Пертушевска и Радмила Стефаноска одделенски наставници и 10 ученици (IX, VIII, V и IV одд.)

Како? - Преку метод - учење преку истражување - како можеме кинетичката енергија која ја добиваме со возењето на влосипедот да ја претвориме во електрична и таа енергија да ја искористиме за гледање филм во нашето училишно кино (приклучување на лаптоп, проектор и звучници), преку изработка на модел на генератор со тркало (претворње на кинетичка енергија во електрична) и преку изработка на вело – генараторот, а потоа и мерење на добиената енергија.

Кога? - октомври 2021 до март 2022

Каде? - ООУ„Св Климент Охридски“ с. Драчево.

Главна цел на проектот е да се утврди како можеме да употребиме други извори на енергија, со цел да ги заштитиме необновливите извори на енергија а со тоа и нашата планета Земја.

2. Потреби и причини за реализација на овој проект

·         Во изминатите две години учествувавме во два меѓународни проекти кои во основа ги имаа одржливите цели за развој. Првичната идеја е од тааму, како да се искористи кинетичката енергија, а да се примени во нешто што ќе биде иновативно и интересно. Имавме повеќе идеи, но идејата за училишно еко кино претставува предизвик за нас. Во нашето училиште, кое се наоѓа во село Драчево и е изградено во далечната 1924 год., има кино сала во која порано се одржувале кино проекции. Сега таа сала ни служи за одржување приредби и одбележување на одредени свечености. Нашата идеја е да го вратиме сјајот на кино салата и да ја добие вистинската намена за тоа.

·         Учениците учат за екологијата и за енергијата уште во нижите одделенија (одделенска настава) по предметите природни науки и техничко образование, а неретко екологијата е тема и во многу текстови по македонски јаик. Во прдметна настава (VI – IX) овие содржини се сретнуваат по предметите: Природни науки, Биологија, Физика и Техничко образование.

·         Активностите вклучени во овој проект се истражувачки, едноставни и прилагодени на возраста на учениците. Истражувањата се иновативни и интересни.

Учениците ќе ги прошират своите знаења од редовната настава, ќе се стекнат со истражувачки и презентерски вештини. Ќе научат да истражуваат, мерат, конструираат и применуваат.



3. Цели, резултати и истражувачка методологија

Хипотеза: Кинетичката енергија која се создава со вртењето на педалите од велосипедот, можеме да ја претвориме во електрична енергија. Добиената електрична енергија можеме да ја искористиме за работа на лаптоп (проектор, звучници).

Методолигија: Учење преку истражување

            Подготовка:

*Учениците од 4 одд. Истражуваат на интернет: Што е енергија? Какви видови на енергија постојат? Каде и како се употребува? Изготвуваат презентација.

*Учениците од 5 одд. Истражуваат на интернет: Кои се обновливи, а кои необновливи извори на енергија? Изготвуваат презентација.

*Учениците од 8 и 9 одд. Истражуваат на интернет: Што е кинетичка енергија? Како можеме кинетичката енергија да ја претвориме во електрична. Изготвуваат презентација.

*Учениците од 4 и 5 одд. Истражуваат Што ќе им биде потребно за да изработат модел на генератор со тркало и го подготвуваат потребниот материјал.

*Учениците од 8 и 9 одд. Истражуваат Што ќе им биде потребно за да направат вело – генератор (генератор кој ќе ја користи кинетичката енергија од вртењето на педалите на велосипедот) и истите ги подготвуваат.

*Двете групи ја одредуваат локацијата и времетраењето на предвидените активности, како и потребната апаратура за мерење и бележење на податоците кои ќе ги добијат.

*Учениците договараат и на кој начин ќе биде документирана нивната работа: фотографии, видео и сл.

Прибирање податоци:

*Учениците од 4, 5 и 8-9 одд. ги презентираат презентациите кои ги изработија од истражувањето на интернет, пред другите ученици од тимот.

*Учениците од 4 и 5 одд. Го изработуваат моделот на генератор со тркало, вршат набљудување, мерење и запишување на добиените податоци во табела.

*Учениците од 8 и 9 одд.  Го изработуваат вело-генераторот, вршат набљудување, мерење и запишување на добиените податоци во табела.


*Секоја група изработува презентација од фотографии или видео за нивната работа.

*Тимот врши презентација пред другите ученици од училиштето како и пред ученици од други училишта. Ја запознава локалната заедница.

Анализа и заклучок:

*Учениците вршат анализа на добиените податоци од истражувањето и доаѓаат до заклучок дека кинетичката енергија може да се претвори во електрична, за потоа истата да се употреби за приклучување на лаптоп, проектор и звучници (училишно еко кино). Со тоа ги штедиме необновливите извори на енергија и ја заштитуваме нашата планета. Исто така доаѓаат до заклучок дека возењето на велосипедите ќе ги направи учениците физички поактивни а со тоа и поздрави.


Наставници / Ментори:

Билјана Петрушевска

Радмила Стефаноска


Ученици: 

4 ученици од IV одд., 4 ученици од V одд., 1 ученик од VIII одд. и 1 ученик од IX одд.







Comments

Popular posts from this blog

Посета од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој за успешно реализираниот проект ,,Училишно ЕКО кино,,.

Успешна реализација на проектот „Училишно ЕКО кино“