Posts

Посета од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој за успешно реализираниот проект ,,Училишно ЕКО кино,,.

Image
  Посета од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој за успешно реализираниот проект ,,Училишно ЕКО кино,,. Проектот го презентираа: Евгенија Арсоска, Теона Пецевска, Сандра Цветковска и Марко Маринковски од VII 1 одд. Ментори на проектот Билјана Петрушевска и Радмила Стефаноска. # https://www.facebook.com/fondzainovacii?mibextid=ZbWKwL

Успешна реализација на проектот „Училишно ЕКО кино“

Image
  Успешно е реализиран проектот „ Училишно ЕКО кино“ поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, преку кој се обезбедени 192 500,00 денари. Со овие средства е изработен „Вело генератор“ и се набавени лаптоп, звучник, смарт табла и проектор, кои ќе им овозможат на учениците да уживаат во кино проекциите. Целта на проектот е учениците сами да произведуваат електрична енергија, возејќи го велосипедот, која потоа ќе ја искористат за кино проекцијата. 

Проект: Училишно ЕКО кино (ООУ „Св. Климент Охридски“ с. Драчево, Скопје, Македонија)

Image
  I. ПРОЕКТЕН ПЛАН 1. Резиме на проектот Што? - Да направиме Училишно ЕКО кино при што кинетичка енергија создадена преку возење со велосипед ќе ја претвориме во електрична. Кој ? - Тим – Еко кино: кој го сочинуваат Билјана Пертушевска и Радмила Стефаноска – одделенски наставници и 10 ученици ( IX, VIII, V и IV одд.) Како ? - Преку метод - учење преку истражување - како можеме кинетичката енергија која ја добиваме со возењето на влосипедот да ја претвориме во електрична и таа енергија да ја искористиме за гледање филм во нашето училишно кино (приклучување на лаптоп, проектор и звучници) , преку изработка на модел на генератор со тркало (претворње на кинетичка енергија во електрична) и преку изработка на вело – генараторот, а потоа и мерење на добиената енергија. Кога? - октомври 2021 до март 2022 Каде? - ООУ„Св Климент Охридски“ с. Драчево. Главна цел на проектот е да се утврди как о можеме да употребиме други извори на енергија, со цел да ги зашти